Go Healthy е домашен бренд фокусиран на производство, малопродажба и големопродажба на квалитетна, чиста и функционална храна, присутен во Македонија и поширокиот регион. Работиме со јасна визија – да понудиме храна со реална вредност, без непотребни компромиси.
Располагајќи со сопствено производство и магацински капацитети, обезбедуваме контрола на процесите, стабилна достапност и конзистентен квалитет. Сите производи во нашата понуда се под сопствен бренд, а палетата континуирано ја збогатуваме следејќи ги современите нутритивни трендови и реалните потреби на потрошувачите.
Најголем дел од асортиманот се базира на домашни и хрватски ЕУ суровини и производи, со спроведени строги анализи и соодветни лабораториски тестирања, со посебен фокус на контрола против ГМО и адитиви. Нашата заложба е јасна – производство и пласирање храна без никакви додатоци, со чист состав и транспарентно потекло.
Go Healthy располага со физички продажни локации во Скопје и онлајн продавница, преку кои ги правиме нашите производи лесно достапни за крајните потрошувачи и деловните партнери.
Како бренд, стоиме зад секој производ што го нудиме – со одговорност, конзистентност и долгорочна посветеност кон квалитетот.
Производите на Go Healthy може да ги најдете и во нашите физички продавници. Посетете не, запознајте се со нашата понуда од блиску и добијте личен совет за најдобрите производи за вашето здравје.
Работно време
Работно време
За да ви овозможиме најдобро корисничко искуство, користиме технологии како што се колачиња за складирање и пристап до информации на вашиот уред. Со прифаќање на овие технологии, ни овозможувате да обработуваме податоци како што се однесување при прелистување или единствени идентификатори. Неприфаќањето или повлекувањето на согласноста може да влијае негативно врз некои функции на веб-страницата.