Почетокот...

Приказната GoHealthy започнува во ‘далечната’ 2015.

Нашата цел е да се задоволат потребите на новите трендови и начин на живеење во урбаната заедница – активен и поздрав живот, исполнет со среќа и позитивни моменти.

Идеата е нашиот локал да ве пречека со топла насмевка и позитивна енергија, преклопена во посебно искуство. Едноставно, сакаме нашите потрошувачи да се чуствуваат како да се дома или во посета на пријатели!

 

Филозофија...

Полу-полна или полу-празна? Хм? Во GoHealthy чашката е секогаш полна. Ако се испразни – ја дополнуваме!

Бидејќи целта на нашиот тим е да ви донесе радост, насмевка и максимално освежување, нудејќи ви ги на располагање сите наши ресурси за подобрување на начинот на исхрана – и уште многу причини да не посетувате секојдневно!

Нашата визија е целокупниот придонес за подобар и квалитетен живот. Ги поддржуваме сите што се инспирирани од нашата филозофија, спортисти и ентузијасти кои носат одлука да го сменат нивниот начин на живот со прифаќање нови навики – како активни спортови за рекреација, фитнес и здрав начин на исхрана.

Дали сте дел од нашиот клуб?

Љубител на здрава храна, смуди, џусеви, чиа пудинг или кафе?

Придружи се во нашиот GOClub! Пополнете ги сите полиња – а ние ќе ве изненадиме со мноооогу специјални понуди и производи кои ќе бидат ексклузивни за нашите GOClub членови.