0

За нас

Go Healthy е домашен бренд фокусиран на производство, малопродажба и големопродажба на квалитетна, чиста и функционална храна, присутен во Македонија и поширокиот регион. Работиме со јасна визија – да понудиме храна со реална вредност, без непотребни компромиси.

Располагајќи со сопствено производство и магацински капацитети, обезбедуваме контрола на процесите, стабилна достапност и конзистентен квалитет. Сите производи во нашата понуда се под сопствен бренд, а палетата континуирано ја збогатуваме следејќи ги современите нутритивни трендови и реалните потреби на потрошувачите.

Најголем дел од асортиманот се базира на домашни и хрватски ЕУ суровини и производи, со спроведени строги анализи и соодветни лабораториски тестирања, со посебен фокус на контрола против ГМО и адитиви. Нашата заложба е јасна – производство и пласирање храна без никакви додатоци, со чист состав и транспарентно потекло.

Go Healthy располага со физички продажни локации во Скопје и онлајн продавница, преку кои ги правиме нашите производи лесно достапни за крајните потрошувачи и деловните партнери.

Како бренд, стоиме зад секој производ што го нудиме – со одговорност, конзистентност и долгорочна посветеност кон квалитетот.

100% природно

Висок квалитет

Локално
производство

Брза достава

100% природно

Висок квалитет

Локално
производство

Брза достава

Нашите локации

Производите на Go Healthy може да ги најдете и во нашите физички продавници. Посетете не, запознајте се со нашата понуда од блиску и добијте личен совет за најдобрите производи за вашето здравје.

Ул. Франклин Рузвелт 5А, Скопје
(на семафорите Треска)

Работно време

ТЦ БИСЕР приземје, Аеродром, Скопје
(спроти катната гаража)

Работно време